Принцот Хари ја објави свршувачката со актерката Меган Маркл

27 ноември, 2017 | 11:16 часот | 279 прикажувања |

Принцот Хари ќе се ожени со неговата девојка, американската актерка Меган Маркл, пренесува БиБиСи.

Принцот кој е петти во линијата за наследство на круната ќе се ожени со Маркл следната пролет.

Во соопштението, принцот Хари вели дека e „воодушевен да ја објави“ свршувачката и веќе добил благослов од родителите на Меган.