Жерновски и Саздовски нови членови на ЦО на СДСМ

25 март, 2018 | 21:37 часот | 770 прикажувања |

Андреј Жерновски, поранешниот лидер на ЛДП и градоначалник на Центар и Чедомир Саздовски независен пратеник во Собранието кој до скоро беше дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ како член на ГРОМ стануваат членови на Централниот одбор, потврдил за Телевизија 24 висок функционер на СДСМ член на ЦО.

Жерновски по изборот на Горан Милевски за претседател на ЛДП се дистанцираше од партијата, додека Саздовски кој што во Собранието влезе на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по формирањето на новата Влада и мнозинство почна да настапува како независен пратеник.