Македонците во Њујорк протестираа против промена на името

25 март, 2018 | 19:32 часот | 905 прикажувања |

Во организација на Меѓународното македонско движење за човекови права од Њујорк и Њу Џерси, вчера во Њујорк се одржа протест против промена на уставното име на Македонија.

Македонските иселеници го изразија своето незадоволство од досегашниот тек на разговорите за разликата која Грција ја има со уставното име на Македонија, како и од улогата на медијаторот Метју Нимиц, за кој порачаа дека е „бескорисен“ и треба да биде променет.

Од протестoт беа испратени пораки до Обединетите нации да ја почитуваат сопствената Универзална резолуција за човековите права, а до Владата во Скопје беше испратена порака „да не ја распродава Македонија и националните интереси“.