Врховниот суд утре ќе ги објави одлуките за осомничените од 27-ми април

25 март, 2018 | 18:17 часот | 669 прикажувања |

Одлуките за притворите на пратениците и другите осомничени за настаните на 27 април најверојатно ќе бидат објавени утре, информираат од Врховниот суд.

Роковите за донесување решение по жалбите на притворените се поминати, но од Врховниот суд велат дека се работело за обемен и сложен предмет, па не можело да се очекува брза одлука.

Рокот од 48 часа за донесување на решение за жалбите истече уште во четвртокот.