Министрите „живеат“ на сметка на народот

25 март, 2018 | 17:34 часот | 528 прикажувања |

Министрите во актуелната влада на државна сметка се прехрануваат, живеат во станови за кои плаќаат по 400 евра месечно.

Тие во споредба со претходната влада на која и упатуваа критики во врска со потрошените државни пари, не изостануваат многу.

Како што покажува Алатката за отчетност на јавните функционери Министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот Бујар Османи потрошиле најмногу пари за авионски билети во споредба со сите други владини функционери по формирањето на владата во мај минатата 2017 година, по кои следуваат министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за култура Роберт Алоѓозоски.