Коѕијас – Ципрас: „По 25 години преговорите за името се придвижуваат чекор понапред“

25 март, 2018 | 17:24 часот | 586 прикажувања |

Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас го информирал  премиерот Ципрас за посетата на Македонија.  Атина смета дека има напредок во преговорите но  разликата околу Уставот е присутна.

„Грчката страна не отстапува од барањето за уставна ревизија, не само во однос на името туку и во однос на иредентизмот“, пишуваат грчките медиуми.

Синоќешната средба во премиерската палата меѓу Ципрас и Коѕиас не била најавена ниту од премиерскиот кабинет, ниту од грчкото МНР.