Димитров на средби во американскиот Стејт департмент

27 ноември, 2017 | 11:04 часот | 282 прикажувања |

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска и утре ќе се сретне со високи претставници на американската администрација, Стејт департментот, Конгресот на САД и тинк тенк заедницата, како и со македонската дијаспора во Вашингтон. Тој е во работна посета на САД, в среда во Вашингтон ќе учествува на конференција во организација на Атлантскиот совет на САД насловена „Следната бура? Обликување на балканската иднина во ера на неизвесност“.

На конференцијата ќе учествуваат министрите за надворешни работи на балканските земји и повеќе од стотина учесници и експерти од двете страни на Атлантикот.

„Учесниците ќе разменат мислења во насока на генерирање нови идеи и предлози за забрзан пат на балканскиот регион кон трансатлантската заедница, и поттикнување засилена поддршка за политиките на земјите во Соединетите Американски Држави“, соопшти МНР.

Министерот Димитров ќе се обрати на панелот „НАТО на Балканот: Обезбедување на границите на турбулентни времиња“.