Воскопулос до македонските новинари: Не дозволувајте им на грчките политичари да ни продаваат пуфки

24 март, 2018 | 18:32 часот | 8.242 прикажувања |

Македонските новинари кои разговараат со грчки политичари да не го употребуваат само терминот „Македонија“ без префикс „Република“, предупредува македонскиот борец за човекови права од Лерин, Павлос Воскопулос Филипов.

Тој ја анализира вчерашната изјава на Ципрас кој во одговор на прашње за името на македонската дописничка на МИА од Брисел ѝ рекол: „Следниот пат веќе нема да можете да го користите терминот Република Македонија, туку Горна или која било друга опција“.

Ципрас за МИА: Имаме два услови за решавање на спорот

Воскопулос потенцира дека македонските новинари треба да го користат целосното име на нашата држава – Republic of Macedonia, бидејќи со користењето само на терминот „Македонија“, „му се дава право на било кој Грк политичар да ‘продава пуфки’ во стил ‘има регион во Грција со името Македонија и слично’.

Воскопулос: Во Грција нема ни 1cm2 земја што се вика „Република Македонија“

„Префиксот “Republic of” тотално разликува од било кој регион во северна Грција, а при било кој грчки аргумент за демек конфузија, можиш драг Македонец новинар да тргнуваш дури и со овој аргумент, дека нема ни 1cm2 земја на северна Грција што употребува префикс “Republic of” пред терминот “Македонија“, пишува Воскопулос во својот фејсбук статус.

Според него, Ципрас и другите не сакаат реално и здраво решение.

„Делуваат антиевропски и секако во слуга (според мене на руските интереси) да има отворени „рани“ на Балканот. Токму Ципрас потврдува на овој прес што потенцира на пресот дека „..на Грција не им се брза и не им гори под нозете да се најде решение околу името“, заклучува Воскопулос.