Жбогар за Законот за јазици: Мора да ја прифатиме волјата на мнозинството пратеници

24 март, 2018 | 17:48 часот | 1.347 прикажувања |

Амбасадорот на Европска унија во Скопје, Самуел Жбогар, вчеравечер во интервју за ТВ 24 изјави дека е факт оти мнозинството пратеници во Собранието го изгласаа Законот за употреба на јазиците.

„Имате парламентарна демократија, законите се усвојуваат во Парламентот, мнозинството пратеници решаваат да го усвојат законот и ние мораме да го прифатиме тоа. Тоа е факт!“, рече евроамбасадорот Жбогар.

Тој посочи дека кога некој закон стапува во сила, потоа некој може да го испрати во Уставниот суд и тој ќе реши дали е уставен или не.

Во поглед на процедурата како законот беше донесен, Жбогар признава дека во деловникот на Парламентот има дупки кои треба да се разгледаат за да нема различни интерпретации.