Георгиевски: Преговорите со Грција влегоа во голема дипломатска замка

24 март, 2018 | 16:53 часот | 547 прикажувања |

Претседателот на ВМРО-НП и екс премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски, на својот фејсбук профил пишува дека билатералните разговори со Грција, придонеле за влегување на Македонија во една дипломатска замка.

„Имам чувство дека со билателарните разговори со Грција влеговме во една голема дипломатска замка.Што поскоро треба да се вратиме на Нимиц и да се побара тој да ги дава предлозите а добро е тој и да ги води преговорите“, напиша Георгиевски.