Берлускони предлага карабинер за премиер на Италија

27 ноември, 2017 | 11:02 часот | 298 прикажувања |

Доколку неговиот блок на десниот центар победи на националните избори, поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ќе предложи карабинер за премиер.

На Берлускони, кој бил премиер во четири мандати, му е забрането да држии јавна функција поради обвинението за даночна измама од 2013 година. Тој работи на случајот да му ја повлечат забранат, но истовремено бара и алтернативен кандидат ако неговата легална битка пропадне.

„Имам многу имиња, но постои некој кој е многу способен…кој имал успеси и кого сите го ценат – генералот Галители“ рекол Берлускони во синоќешната емисија на државната телевизија РАИ.

Галители се наоѓаше на чело на карабинеријата, на воените полициски сили кои оперираат под контрола на министерствата за одбрана и внатрешни работи од 2009 до 2015 година, а моментално е директор на државната агенција за антидопинг.

Берлускони напоменал дека за идејата се уште не разговарал до Галители, а претходно најавил дека гувернерот на Европската централна банка Марио Драги или генералниот директор на компанијата „Фијат Крајслер“ Серџо Маркионе, би моежеле да бидат негови кандидати за премиер.