Откажан изборот на нов претседател на каталонската Влада

24 март, 2018 | 15:33 часот | 406 прикажувања |

Изборот за нов претседател на каталонската Влада беше откажан од претседателот на Парламентот на шпанскиот автономен регион Каталонија, Рожер Торент. Изборот се откажа откако беше приведен единствениот кандидат за функцијата, Жорди Турул.

Турул и уште четворица други каталонски сепаратистички лидери вчера беа приведени од страна на шпанската полиција по налог на Врховниот суд на Шпанија.

Во налогот на Судот се нагласува дека тие треба да бидат задржани во притвор се додека трае истрага против нив за обид за отцепување на Каталонија од Шпанија.

Денешниот избор требаше да биде втор обид за избор на Турул, откако по првото гласање во четвртокот, тој не доби доволно гласови за да биде избран на функцијата.