Од утре започнува летното сметање на времето

24 март, 2018 | 12:02 часот | 532 прикажувања |

Од утре наутро започнува летното сметање на времето. Точно во 2 часот стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред и наместо 2 да означуваат 3 часот.

Летното сметање во 2018 година ќе заврши на 28 октомври во 3 часот по полноќ, со поместување за еден час наназад, така што 3 часот ќе се смета како 2 часот.