Судењето за случајот „Тортура“ е одложено

23 март, 2018 | 16:50 часот | 521 прикажувања |

Се одложи почетокот на судењето за предметот „Тортура“. Судот не добил известување дека обвинетиот Сашо Мијалков ја добил поканата, па денешното рочиште не започна. Обвинителите на СЈО побараа поканата за Мијалков, судот да ја врачи во четврток кога тој се пријавувал во Кривичен. Неговиот адвокат објасни дека екс директорот на УБК живее на друга локација во Скопје и следната недела ќе ја достави адресата на која може да го побара судот.

„Тортура“ се однесува на начинот на апсење на лидерот на „Обединети за Македонија“, случај во кој според обвинението постоело мачење, понижувачко постапување и казнување. Тогаш Бошковски беше обвинет за нелегално финансирање на изборната кампања а при апсењето кај него полицијата пронајде и 100 илјади евра..