Во гостиварските училишта се одржуваат дебати за интеграција на младите во образованието

23 март, 2018 | 14:03 часот | 225 прикажувања |

Во три гостиварски општински основни училишта во тек е пилот-проектот „Интеграција на младите во образованието“. Проектот го спроведува Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) во соработка со Секторот за образование при Општина Гостивар.

„Првично овој пилот-проект се спроведува во две градски основни училишта ‘Единство’ и ‘Гоце Делчев’, како и во ОУ ‘Чајла’ во село Чајле, а во иднина ќе бидат опфатени и другите општински училишта. Проектот го спроведува УСАИД во соработка со Општина Гостивар, а во моментов се водат младински дебати, каде што експерти од оваа област, преку разговор ги детектираат барањата и потребите на младите за интеграција во образованието“, објаснува Аслијан Снопче, раководителка на Секторот за образование.

Младински дебати се реализираат со групи сочинети од по 20 ученици.