Мијалков и Бошкоски на рочиште за предметот „Тортура“

23 март, 2018 | 10:14 часот | 549 прикажувања |

Денеска во кривичниот суд денеска треба да почне судското рочиште за предметот на СЈО „Тортура“. На претходното рочиште поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, не се појави бидејќи Апелациониот суд сè уште се немаше произнесено по жалбата на СЈО, дали и тој да биде обвинет за тортура.

Во „Тортура” обвинети се и поранешниот прв човек на единицата „Алфа”, Ивица Антевски – Пуки, и уште петмина полициски „алфи“ за апсењето на Бошковски.

„Тортура“ се однесува на начинот на кој бил уапсен лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по одржувањето на предвремените парламентарни избори. Судењето го води судијката Александра Ристеска.