Џафери за инцидентот со Груевски: Да го спроведев деловникот до крај, дотичниот ќе излезеше надвор како вреќа

22 март, 2018 | 20:29 часот | 5.941 прикажувања |

Недозволиво е било кој пратеник да се качи таму кајшто е претседателот на Собранието, затоа што тоа има друга дефиниција. Тоа е пуч. Тоа е атак на институцијата претседател на Собранието.

Вака го искоментира инцидентот со пратеникот Никола Груевски, собранискиот спикер Талат Џафери во емисијата „Само вистина“.

„Земете ги сите експерти по однос на политички системи ќе ви кажат што значи качување на пратеник таму. Немам потреба јас да поведувам постапка, ова нека биде поука за секој друг, во најмала рака во мој мандат да не се повтори“, рече Џафери.

„Да си го спроведев деловникот до крај онака како што ми дава овластување, дотичниот ќе излезеше надвор како вреќа. Затоа што тоа е обврска на обезбедувањето по автоматизам. Ако некој стапи на степеникот горе да го попречи, јас сум дал изрична наредба на обезбедувањето“, додаде првиот парламентарец.

Тој рече дека неговиот избор бил што и да се случи, тој да не биде дел од тоа и да не реагира на провокација.

„По цена и вода да ме просипа, како што и се случи, јас бев решен да не реагирам“, рече Џафери.