Коѕијас утре пред МНР ќе биде дочекан со протест на неколку граѓански здруженија

22 март, 2018 | 18:08 часот | 485 прикажувања |

Од граѓанската организација СУМ – Сите за унитарна Македонија (во која се обединети Светскиот македонски конгрес, Македонски манифест, Преродба, Наши, Христијанско братство, Македонско патриотско здружение „Васил Чакаларов“, Код, Ние, Бригада и Тврдокорни) информират дека утре ќе одржат мирен јавен собир.

Собирот ќе се одржи со почеток од 9 часот пред Министерството за надворешни работи во Скопје.