ФОТО: Коѕијас пристигна на скопскиот аеродром

22 март, 2018 | 17:50 часот | 1.864 прикажувања |

Со директен лет од Атина на „Хеленик ерлјанс“, пред десетина минути на скопскиот аеродром слета грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас.

Тој симболично ја подигна шапката, направи мал наклон кон новинарите и се упати кон закажаната неформална вечера со неговиот македонски колега Никола Димитров, а за утре се предвидени официјалните средби со целокупниот македонски државен врв.

Посетата на Коѕијас е прва по преименувањето на аеродромот од „Александар Велики“ во „Меѓународен аеродром Скопје“.

фото: Макфакс/А1 он