„Народен фронт за спас на Македонија“: Итен прекин на преговорите за името

22 март, 2018 | 16:01 часот | 2.328 прикажувања |

Итно да престанат разговорите со Грција, Македонија да влезе во меѓународните институции под уставно име- побараа членовите од неколку граѓански здруженија, кои се обединија под името „Народен фронт за спас на Македонија“. Тие со протестен марш му порачаа на грчкиот министер Коѕијас дека е непожелен во земјава, пренесе МРТ.

Името и идентитетот не се за тргување, рекоа демонстрантите. Порачаа дека нема да се откажат од правата на нашинците кои живеат во соседната земја.

Демонстрантите со укажување и до претседателот Иванов. Според нив, премиерот Зев не ги испочитувал дадените гаранции пред шефот на државава.

Протестот започна во 11 часот пред Порта Македонија по што луѓето коишто протестираат се упатија пред зградата на Министерството за надворешни работи. Пораката којашто сакаат да ја испратат до грчкиот гостин е – „Стоп за преговорите за името, Македонија на Македонците“.

извор: МРТ