Ловџија од Врбјане пронајден мртов во Маврово

22 март, 2018 | 11:53 часот | 676 прикажувања |

Шеесет и шест годишниот А.З. од село Врбјане вчера бил пронајден починат во Маврово на местото викано Казане.

„Истиот бил пронајден од страна на Д.Д. (30) и Д.С. (56) двајцата од с.Маврово, со кои А.З. бил договорен да одат на лов“, информираат од МВР.

Од страна на лекар била констатирана смрт и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.