Со секира искршил 45 апарати на среќа во казино

22 март, 2018 | 11:42 часот | 607 прикажувања |

Министерството за внатрешни работи соопштува дека вчера околу 17:45 часот, 49-годишниот А.В. од струмичко Василево со секира влегол во казино во Струмица.

Струмичанецот оштетил 45 апарати за игра на среќа и два рулета, причинувајќи материјална штета од околу 1.500.000 денари, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници лицето било приведено и по целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.