Во Кривичниот суд денеска судење за случајот „Тарифа“

22 март, 2018 | 9:27 часот | 573 прикажувања |

 Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи рочиштето за случајот на СЈО „Тарифа“, во кој се обвинети поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица.

Според обвинението на СЈО, обвинетите со не извршување на службената должност овозможиле правното лице, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.