„Бикини Мун“ на Манчевски од вечер во кино Милениум

22 март, 2018 | 8:36 часот | 369 прикажувања |

„Бикини Мун“ е современа трагедија за жена (улогата ја игра актерката Кондола Рашад), која била војник во Ирак и по враќањето живее како бездомник на улица во Њујорк, и затоа што е ментално нестабилна, и ја одзеле ќерката.

Во кино „Милениум“ вечер од 20 часот скопска премиера ќе има петтиот игран филм на Милчо Манчевски – американскиот „Бикини Мун“ кој македонскиот режисер во целост го сними во Њујорк со меѓународна екипа.

По првата проекција, вечер филмот ќе има уште една проекција – од 22 часот, а од утре ќе биде на редовниот репертоар на киното, од 20 и од 22 часот.