Коѕијас пристигнува во Скопје

22 март, 2018 | 8:26 часот | 1.151 прикажувања |

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас денеска попладне ќе пристигне во Македонија Македонија. Грчката делегација предводена од Коѕијас ќе пристигне на новоименуваниот аеродром  – Меѓународниот аеродром Скопје.

Предвидени се средби со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и со други високи државни претставници.

Двајцата министри е планирано да разговараат за позициите на двете страни, откако и Грција и Македонија си ги разменија нацрт-договори за решавање на името, за кои Димитров рече дека се разликуваат еден од друг.

Достоинствено решение за името, со почитување на идентитетот, без промени на Уставот е нешто што го бара македонската страна.

Димитров и Коѕијас на 30 март во Виена ќе имаат нова средба со посредникот на ОН во преговорите за името Метју Нимиц.