Каталонците гласаат за избор на нов претседател

22 март, 2018 | 8:31 часот | 613 прикажувања |

Денес во Каталонија ќе биде одржано гласање за избор на нов претседател. -Соопшти претседателот на каталонскиот Парламент Рожер Торент.

Најголема поддршка има Жорди Турул, поранешен лидер на каталонското претседателство.

Турул е предложен како нов кандиат за претседател на таа шпанска покраина откако сепаратистичкиот кандидат Жорди Санчез се откажа од кандидатура.

Сепаратистичките партии претходно го предложија Санчез, кој е во затвор, за нов претседател, но шпанскиот Врховен суд му забрани да присуствува на гласањето и неговиот избор го направи речиси невозможен.