Министерство за култура: Лажни вести се дека се отстранува споменикот на Александар

21 март, 2018 | 23:36 часот | 484 прикажувања |

Откако на социјалните мрежи почнаа да се шират шпекулации дека вечерва ќе се отстранува споменикот Воин на коњ на плоштадот Македонија, а за тоа наводно бил донесен и специјален кран од Бугарија, се јави Министерството за култура.

„Почитувани сограѓани, немојте да потпаѓате под влијание на лажни вести дека се случува отстранување на споменици од Плоштадот Македонија во Скопје. На Плоштадот во Скопје не се планирани ниту се преземаат какви било физички зафати. Секоја друга поинаква информација е лажна вест“, велат од Министерството.