Граѓани се собраа пред споменикот на Александар, по најави за негово рушење

21 март, 2018 | 22:38 часот | 1.795 прикажувања |

Поголема група на граѓани вечерва се собраа пред споменикот на Воинот на коњ (Александар Македонски) по најавите на социјалните медиуми дека пред доаѓањето на грчкиот шеф на дипломатијата Коѕијас ќе биде срушен споменикот.

На Твитер и Фејсбук се објавуваат фотографии од огромен кран со носивост од 80 тона кој е способен да го крене целиот споменик.

Според Твитер заедницата кранот е од моделот KATO NK 800 и е донесен од Бугарија специјално за оваа намена. Истите пишуваат дека и полицијата се подготвува за овој чин и за реакцијата на населението.