Протест за малиот Алмир пред Владата: Нема правда, нема мир!

21 март, 2018 | 17:48 часот | 601 прикажувања |

Нема правда, нема мир! Ова е пораката од протестот за малиот Алмир пред Владата. Демонстрантите бараат повторно отворање на случајот, но не во Куманово. Мајката рече дека нејзиниот син нема да се врати, но другите деца мора да живеат на слобода. Се надева дека правдата ќе дојде.

Граѓаните кои беа на протестот побараат разрешување на јавниот обвинител и обвинителите кои работат на случајот. Велат дека треба да има одговорност од вештаците. Најавија и кривични пријави.

Освен од обвинителите, демонстрантите побараа одговорност и од Владата и од премиерот Заев, за како што рекоа, нереализираните, а најавени реформи во судството.

Од Владата велат, судските одлуки ги носат правосудните органи како независни институции. „Се залагаме за реформи во правосудството и за враќање на непристрасноста, независноста и владеењето на правото“, соопштија оттаму.

Протестот се одржа во знак на револт од преквалификацијата на кривичното дело за случајот со четиригодишниот Алмир од Куманово.

извор: МРТ