СЈО ги сомничи Груевски и Ахмети за стопирање на пописот од 2011

21 март, 2018 | 12:40 часот | 1.002 прикажувања |

СЈО денеска поднесе нова истрага под име „Попис“, која а се однесува за основано сомневање за злоупотреба на своите овластувања на претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои во 2011 година се договориле да го одложат спроведувањето на веќе почнатиот попис.

Според обвинителката Фатиме Фетаи, на 10 и 11 октомври 2011 година осомничените се договориле да се запре спроведувањето на пописот, со што е причинета штета од 175 милиони денари.

„Има основани сомневања дека како дел од владејачката коалиција, двајцата претседатели на партиите се договориле дека нема политички капацитет за спроведување на пописот и дека се неопходни дополнителна обука и усогласување на стандардите со меѓународните норми. Потоа Владата предложила да престане да важи Законот за попис, а потоа преку пратениците од владејачката коалиција на 15 октомври 2011 година Собранието донесува решение за одложување на пописот“, рече Фетаи.

фото: Нова Македонија