МетоМакс: Циклонот „Димитар“ доаѓа кон Македонија и носи половина метар снег

21 март, 2018 | 11:48 часот | 682 прикажувања |

Од денес циклонот „Димитар“ доаѓа кон Македонија, најавува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоМакс.

Според информациите од таму, овој циклон уште од утре ќе донесе интензивни врнежи на пониските места и снег на планините.

Метео порталот најавува дека од среда кон четврток ќе има и спуштање на снежната граница која, што значи дека во одредени градови на првиот ден од пролетта ќе се разбудиме со снег. Порталот најавува дека во некои градови ќе се формира и снежна покривка.

На планините се очекуваат и до 50 сантиметри нов снег.