И во Штип протест против законот за јазиците

21 март, 2018 | 9:08 часот | 762 прикажувања |

Во Штип вчера беше одржан протест против Законот за употреба на јазиците. Голем број на граѓани излегоа да го искажат својот револт. Тие не се согласуваат со воведувањето двојазичност и велат дека тоа ќе ја наруши унитарноста и посебноста на Македонија.

Организаторите велат: „Двојазичноста е губење на македонскиот карактер на државата. И не само тоа, со двојазичноста директна ја губеме и самата држава! Со двојазичноста де факто стануваме трета албанска држава на Балканот. Македонија по секоја цена треба и мора да остане дом на Македонскиот народ.“

Штипјани побараа повлекување на овој закон кој предизвика големи контроверзи во јавноста околу неговата содржина, како и со начинот на кој беше донесен: со прекршување на процедурата и злоупотреба на европското знаменце.

На 30 март во градот ќе има и студентски марш, за, како шо велат организаторите, да се истакне дека македонскиот народ не го прифаќа наложеното.