Кривичен му определи куќен притвор на Темелко

26 ноември, 2017 | 13:16 часот | 225 прикажувања |

Градоначалникот на на Пустец Едемонд Темелко утре веројатно ќе излезе од истражниот затвор во Шуто Оризари, откако Кривичниот суд му определи мерка куќен притвор.

Кривичниот совет вчера ја преиначил одлуката на Кривичниот суд за продолжување на притворот за Темелко за нови 30 дена и донел поблага мерка, куќе притвор.

Темелко пред еден месец беше однесен во затворот во Шутка, откако се утврди дека не ја почитувал мерката на претпазливост која му беше определена забрана за напуштање на државата и иако не смее да ја напушта државава патувал во Албанија со албанска лична карта.

Тој е обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности, а освен него обвинети се . Освен него обвинете се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски.

ВМРО-ДПМНЕ и неколку здруженија бараа Темелко да биде пуштен од притвор поради неговата нарушена здравствена состојба.

ВМРО-ДПМНЕ за вечерва најави и протест против продолжувањето на притворот на Темелко, кој требаше да почне во 19 часот пред Владата, а потоа присутните граѓани, според информациите во медиумите, да се упатат пред судот.