Фејсбук осомничена за учество во кражба на 50 милиони профили од страна на фирмата „Кембриџ Аналитика“

21 март, 2018 | 8:44 часот | 512 прикажувања |

Основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Цукерберг, се уште се нема произнесено во јавноста во врска со кражбата на 50 милиони профили од страна на фирмата „Кембриџ аналитика“ која во 2016 работела во полза на кампањата на претседателот Доналд Трамп.

Европскиот парламент го повика основачот на „Фејсбук“ Марк Цукерберг, да го објасни користењето на личните податоци на корисниците на оваа социјална мрежа од страна на компанијата „Кембриџ аналитика“.

„Го повикавме Марк Цукерберг во Европскиот парламент. ‘Фејсбук’ треба пред претставниците на 500 милиони Европејци да го разјасни фактот дека личните податоци не се злоупотребени за да се манипулира со демократијата“, напиша претседателот на ЕП, Антонио Тајани, на „Твитер“.

Управниот одбор на „Кембриџ аналитика“ соопшти дека го суспендирала генералниот директор на компанијата, Александар Никс, сè додека не заврши истрагата.