Денеска ново рочиште за набавката на луксузниот мерцедес

21 март, 2018 | 8:26 часот | 638 прикажувања |

Денес во Основниот суд Скопје 1 е закажано ново рочиште за случајот со набавката на луксузниот мерцедес во кој им се суди на поранешниот премиер, Никола Груевски, на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и на поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.

На претходното рочиште што се одржа на 15 март беа сослушани тројца сведоци. По нивните искази, судијката Добрила Кацарска го прекина судењето поради неприсуство на четвртиот сведок, кој бил уредно поканет, а следното рочиште го закажа за денеска.