Министерот за правда Билен Саљији поднесе оставка

20 март, 2018 | 22:07 часот | 853 прикажувања |

Министерот за правда Билен Саљији вечерва поднесе оставка. Како што објави на прес-конференцијата, неговата оставка е мотивирана од неуспехот околу случајот Алмир.

„Во овие моменти чувствувам дека довербата е разнишана поради одлуката јавниот обвинител да го преквалификува обвинението за малиот Алмир. Оваа контраверзна одлука беше оспорена и од четворицата јавни обвинители. Јас како прв човек на Министерството за правда чувствувам обврска да поднесам оставка“, изјави Саљији.