Го нападнал со јож, го врзал со јаже и му го украл возилото

26 ноември, 2017 | 13:13 часот | 205 прикажувања |

28-годишен стружанец во петокот во струшката полициска станица пријавил напад со нож.

„На 24.11.2017 година во 21.15 часот во И.М. (28) пријавил дека истиот ден околу 20.00 часот, позади „Пензионерскиот дом“-Струга, со патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на неговата сестра, а управувано од М.Н., кога пристигнале и излегле од возилото, М.Н. ненадејно со нож го прободел во пределот на десната страна на грбот, по што И.М. паднал на земја. Тогаш, М.Н. со јаже му ги врзал нозете, му го одзел возилото и заминал во непознат правец“,информираат од МВР.

По околу 20 минути И.М. успеал да се одврзе и отишол во еден угостителски објект, од каде со лицето Ј.М. се упатиле во Медицински центар Струга.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.