Делчевчанец загина во Мајами, семејството бара донации од 20.000 долари за транспорт на телото во Македонија

20 март, 2018 | 17:53 часот | 589 прикажувања |

Делчевецот Дејан Димитровски-Зиле почина вчера во Мајами, САД, а семејството бара донации од хуманите луѓе, како би го транспортирале неговото тело во родната земја, пренесува порталот delcevo365.mk.

За пренесување на телото на семејството Димитровски им се потребни 20.000 долари.

Сите донации ќе бидат искористени за транспортот и околу тој процес. Донациите се доброволни, а средствата можат да се донираат на линкот подолу каде детално е опишан начинот како да се помогне.

Линк за помош на семејството Димитровски https://www.gofundme.com/we-love-you-zile