Охридското Езеро крие седум потонати бродови

26 ноември, 2017 | 11:36 часот | 203 прикажувања |

Седум бродови во Првата светска војна се потонати во Охридското Езеро. Нивните остатоци се уште се кријат на дното на Охридското Езеро во близина на Струга. Потонатите бродови во Охридското Езеро ги истражува и докуметира Центарот за нуркање „Акватек“.

Даниел Атанасовски од Акватек за МИА вели дека бројот на бродовите не е точно утврден и досега не се доволно документирани.

„Познати се доста информации поврзани со овие бродови како нивниот производител и тоа дека биле користени за транспортирање голем товар“, истакнува Атанасовски и додава дека има простор и мотив за понтамошно истражување.

Бродовите се наоѓаат на 1.000 метри од крајбрежјето покрај градот Струга на длабочина меѓу шест и седум метри. Атанасовски вели дека познати се доста информации поврзани со овие бродови, како нивниот произведувач и тоа дека биле користени за транспортирање на голем товар.

Конечниот број на бродови треба да се потврди, а се смета дека се седум, односно два главни брода кои влечеле позади нив помошни бродови што носеле товар. На нив се откриени ознаки веројатно од производителот на бродовите „Bolzano, Tedesko & Co“, посочува Атанасовски.

Нема точни информации кој ги открил првпат, но од тогаш не се истражени детално. Екипата на „Акватек“, како што вели Атанасовски, заедно со подводниот археолог Никола Паскали, ќе продолжи со истражување, документирање и промовирање на овој локалитет.