ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Владата за укинување на притворот на Темелко

26 ноември, 2017 | 11:34 часот | 207 прикажувања |

Членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе протестираат пред Владата на Република Македонија поради одлуката за продолжување на притворот на градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко.

Од партијата велат дека Едмонд Темелко е со нарушено здравје и според многумина продолжувањето на притворот може да биде фатално по неговиот живот. Посочуваат дека одлуката за притвор е резултат на политички притисоци и нема никаков основ за продолжување на притворот кој преминува во казна наместо мерка за обезбедување на осомничениот.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува своите членови, како и сите граѓани и граѓански организации да ја изразат својата поддршка за Едмонд Темелко вечер во 19 часот на собир кој ќе започне пред владината зграда.