Џинпинг: Обидите за поделба на Кина се осудени на пропаст

20 март, 2018 | 11:06 часот | 577 прикажувања |

Кинескиот претседател Си Џинпинг во неговиот силен националистички завршен говор пред парламентот, ја опиша Кина како растечка глобална сила, објави Би-Би-Си.

Тој рече дека постигнувањето на целосно единство е колективна надеж на целиот кинески народ и предупреди дека сите обиди за поделба на државата, биле осудени на пропаст.

Говорот, како што пренесуваат светските агенции, е силно предупредување против секој обид за сепаратизам од места како Тајван и Хонг Конг. Си, исто така, предупреди дека Кина не може да биде самозадоволна за нејзиниот развој.

Во меѓувреме, премиерот Ли Кечианг ја искористи својата годишна прес-конференција за да каже дека Кина е посветена на глобалната соработка во трговијата.

Тој рече дека Кина уште повеќе ќе ја отвори својата економија и ќе обезбеди домашните и странските фирми да можат да се натпреваруваат на фер услови на големиот пазар во Кина. Кинеските официјални претставници направија слични ветувања во минатото.