Партијата на Села ќе протестира пред општинската зграда во Гостивар

20 март, 2018 | 10:37 часот | 675 прикажувања |

Со слоганот „Стоп за политизирање на образованието“, Алијанса за Албанците- Гостивар, денеска од 12:00 часот, ќе одржи протести пред општинската зграда во Гостивар, пренесува порталот на албански јазик Фол.

Централната власт ги презеде овластувањата на градоначалникот Арбен Таравар во областа на образованието, без можност да именува и разрешува директори.

Оваа власт, започна да именува директори во училиштата во Гостивар според нивната партиска стратегија.

Aлијанса за Албанците бара политиката да се држат настрана од образованието.