Уапсен поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози

20 март, 2018 | 10:16 часот | 591 прикажувања |

Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, е приведен на разговор во полиција поради истрага за финансиски нерегуларности на неговата изборна кампања.

Пред неколку години француската телевизија France-3, предизвика бура во јавноста откако емитува аудио-снимка од разговор со Муамер Гадафи. Починатиот либиски лидер тврдеше дека ја финансирал кампањата на Саркози.

Истрага за ова беше покрената во 2012 година, но по кратко време беше прекината. Случајот повторно беше активиран минатата година, кога надлежниот судија соопшти дека има доволно докази против Саркози за почеток на судски процес.

Адвокатот на експретседателот на Франција не бил достапен за коментар.