Врховниот суд ќе одлучува за притворот на осомничените за случувањата од 27-ми април

20 март, 2018 | 9:15 часот | 554 прикажувања |

Денеска кривичниот совет на Врховниот суд на јавни седници ќе ги разгледува жалбите за притворите на осомничените од настаните на 27 април.

Врховниот суд ќе одлучува за притворот на пратениците Kрсто Mукоски и Сашо Василевски, поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков и уште неколкумина осомничени за насилствата во Собранието на 27 април.

Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција соопштија дека истрагата за случувањата во Собранието минатата година завршила и дека течат законските рокови во кои осомничените и одбраната можат да ги прегледуваат списите и доказите.