Во Кривичниот суд денеска рочиште за случајот „Траекторија“

20 март, 2018 | 8:45 часот | 527 прикажувања |

Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за случајот на СЈО „Траекторија”, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Четворицата се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

На последното рочиште обвинетите рекоа дека тие не чувствуваат вина за обвиненијата на СЈО.

Покрај „бомбите“ како докази ќе се сметаат и СМС пораките.