Проф. Росоклија: Народните избраници со полиција се штитат од народот што ги избрал

19 март, 2018 | 15:48 часот | 1.561 прикажувања |

Народните избраници со полиција се штитат од народот што ги избрал и ги плаќа да му служат! Патем, и полицијата е платена од народот!

Се закануваат дека навредени и со право уплашени, на суд ќе го дале народот! Ќе ги судат тие на кои им служат? Кому тогаш ,,народниве избраници“ ќе му служат додека им трае мандатот?

Чии интереси ќе застапуваат? На тие што ги избрале, на народот, или ќе им служат на туѓите интереси кои македонската држава и македонската нација ги водат кон амбис на непостоење?

Дали им е јасно дека не ги избрале ниту Заев ниту амбасадорите, туку народот, тој што искажува незадоволство од нивните одлуки? Амбасадорите ќе се пензионираат и ќе си отидат, освен оние што ќе останат на Балканот во приватни бизниси.

Избранициве и нивните семејства треба да продолжат да живеат со народот и меѓу народот. Полицијата може да им обезбеди физичка заштита, но полицијата не може на семејствата да им ги врати достоинството и загубената чест.

Едно семејство гради респект низ генерации, поединецот го гради во тек на целиот свој живот. А достоинството и честа на семејството и на поединецот, можат да бидат загубени само еднаш.

(фејсбук статус на проф. Горазд Роскоклија)