Неколку начини за ослободување од анксиозноста

19 март, 2018 | 14:38 часот | 690 прикажувања |

Анксиозност (лат. „anxius“- загриженост) е психичка состојба за која е карактеристично јавувањето на чувства на мачнина, тежина, уплашеност, непријатност, вознемиреност, страв до степен на паника, психомоторна напнатост и внатрешен немир.

Ако изворот на анксиозноста се психолошки проблеми, ситуацијата може да ја подобри длабоко дишење, кое има позитивно дејство врз нервниот систем. Доволно е вдишувањето да ви трае 4 секунди, да го задржите здивот 2 секунди и да издишувате во времетраење од шест секунди.

Ако загриженоста или стресот не ви дозволуваат да заспиете, тогаш работете на отпуштање на одредени групи мускули, во што можат да ви помогнат соодветни мобилни апликации или онлајн-вежби.

Запишете ги грижите што секојдневно ве оптоваруваат. Секој ден издвојте барем 15 минути за себе за да размислите за нив. Остатокот од денот заобиколувајте ги и занимавајте се со нешто друго.