Бенефиции и ризици од пиењето кафе

19 март, 2018 | 14:34 часот | 702 прикажувања |

Кафето е еден од најпопуларните пијалоци и често е тема на различни истражувања со цел да се утврдат еднаш засекогаш ползите и ризиците кои ги носи.

Некои истражувања покажале дека кофеинот е добар за поттикнување на метаболизмот и намалување на ризикот од појава на дијабетес и прерана смрт. Но, тоа не значи дека утринската шолја кафе на празен желудник е добар избор.

Еве како кафето може да му помогне на вашето здравје:

– Го намалува ризикот од рак на уста и грло. Анализирајќи 9 истражувања и споредувајќи 5139 заболени од рак на глава и врат со 9028 луѓе без рак, италијански научници откриле дека 4 или повеќе кафиња дневно го намалуваат ризикот од појава на рак на уста или грло со 39%.
– Го намалува ризикот од мозочен удар кај жените. Американско истражување покажало дека пиењето на 4 или повеќе кафиња дневно го намалува ризикот од мозочен удар кај жените со 20%. Кај оние пак кои никогаш не пушеле, ризикот се намалува до 43%.
– Го подобрува памтењето. Кафе паузата после лекции помага полесно да ја складирате информацијата што сте ја научиле.

Но пиењето кафе крие и многу ризици, кои најчесто се појавуваат кај луѓе кои консумираат кафе во големи количини. Некои од тие ризици се:

– Зголемена анксиозност. Консумирањето кафе во големи количини или пак откажувањето од кафе може да предизвикаат зголемување на анксиозноста и раздразливоста.
– Флеки на забите. Кафето е познат непријател на белите заби. Иако ја намалува појавата на кариес, кафето го забрзува жолтеењето на забите.
– Намалена плодност. Кафето има негативен ефект врз плодноста. Затоа, жените кои се обидуваат да зачнат треба да го избегнуваат кафето.