Во понеделник целосната снимка од „Поткуп“ достапна за јавноста

19 март, 2018 | 14:09 часот | 542 прикажувања |

Јавноста идниот понеделник ќе може да ја види целосната снимка од случајот „Поткуп“, каде наводно Зоран Заев како градоначалник на Струмица, бара пари од бизнисменот Иван Николов.

Скопскиот кривичен суд прифати јавноста да ги следи доказите од предистражните мерки во случајот „Поткуп“, каде е обвинет премиерот Зоран Заев за мито. Но, судењето беше одложено поради техничката неопременост на судницата.

„Имајќи ја предвид јавната функција која ја извршувам како претседател на Владата, знаејќи целата јавност дека снимките се објавени во прекини и нецелосно, би сакал да го замолам судот да биде вклучена и јавноста за да ми се врати дел од изгубената чест и углед“, побара премиерот Зоран Заев пред судот.