Во врска со случајот „Тифани“, СЈО побара затворска казна за Ивона Талевска

19 март, 2018 | 14:02 часот | 584 прикажувања |

Во врска со пресудата во случајот „Тифани“ во кој на новинарката Ивона Талевска и беше пресудена условна казна за затајување на данок специјалното јавно обвинителство поднесе жалба до Апелацискиот суд со предлог пресудата да ја преиначи во затворска казна и повисока парична казна.

СЈО во жалбата пишува дека се бара јавна седница на Советот на Апелацискиот суд за случајот „Тифани“.

Случајот „Тифани“ се однесува на кривично дело што траело од 2008 до 2014 година, при што Талевска како управителка на друштвото за консалтинг „Смарт ДООЕЛ“ и на „Смарт груп ДООЕЛ Скопје“ за тој период одбегнала да плати даноци, а во завршните сметки давала лажни податоци, при што затаила 2.314.463 денари или 37.634 евра преку фирмите и 1.040.840 денари или 16.924 евра личен данок.